Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Позната агендата за бугарскиот премиер Кирил Петков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uploads_thumbs_resize_800x420_508357

етседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски утре ќе го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков кој ќе пристигне во еднодневна официјалната посета на нашата земја.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков ќе допатува заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, со Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Република Бугарија и со Николај Сабев, министер за транспорт и врски на Република Бугарија.

— реклама —

На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија ќе ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што се очекува да започне официјалниот дел на посетата со церемонијалниот пречек со високи државни и воени почести пред Владата на Република Северна Македонија.

Бугарската делегација ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

— реклама —

Според агендата за посетата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

— реклама —

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.

Претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков, потоа, во Клубот на пратениците, официјално ќе го промовираат проектот за помош во развојот "Електронски дневник за лица со дијабетес", кој премиерот Петков ќе му го врачи на премиерот Ковачевски како донација на Република Бугарија.

— реклама —

Во преостанатиот дел од агендата за посетата на делегацијата на Република Бугарија, премиерот Кирил Петков ќе има одделни средби со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.

Официјалната посета е предвидено да заврши во вечерните часови после што владината делегација на Република Бугарија ќе замине за меѓународниот аеродром Скопје на лет за Софија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања