Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Позната шема: Газда на угостителски објект тепан за да му изнудат пари, барале да им плаќа по 400 евра за да го обезбедуваат објектот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

IMG_6897

Газда на објект пријавил дека неколку лица се обиделе да му изнудат пари. Шемата е доста позната во Македонија и е плаќање на вид на рекет. Доаѓаат лица и нудат да го обезбедуваат објектот. Во конкретниот случај, лицето ги одбило, ама затоа било натепано. И потоа, прифатил, па пријавил во полиција.

— реклама —

„На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 - годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..

— реклама —

Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот.

— реклама —

Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

— реклама —

После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката. Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т.“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 7 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Македонија | пред 7 часа

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

„Јагуар“ удри осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено

Македонија | пред 7 часа

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања