Позната возраста на загинатите жени во Вардар - МВР со детали за случајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
pograga-cuk

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител.

— реклама —

Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

— реклама —

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

— реклама —

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања