Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром со сигурност ќе биде новиот потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ. Иако информацијата е непотврдена, членови на највисоките тела за „Скопје1“. И тој не е изненадување што влегува во највисокиот ешалон со оглед на неговото искуство во политиката, тоа што е честа придружба на претседателот Христијан Мицкоски во странство, а има и политички багаж.
Се шпекулира, но не се знае, дека поранешната дополнителна заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска ќе биде вториот човек кој сега ќе биде челник во ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, таа ќе биде единствената жена потпретседал во овој состав. И таа беше доста присутна во медиумите во време на техничката Влада и бурно реагираше кога во прашање беа финансиите на државата.
Муцунски и Димитриеска-Кочоска ќе го зголемат бројот на потпретсеадтели на партијата од двајца на четворица. Александар Николоски и Владо Мисајловски ќе ги задржат позициите кои ги имаат.
Седницата на партиските органи е закажана за од 19 часот.