Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен, се собираат парични средства за лекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
momo

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски - тешко болен. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање на срества за лекување Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.

— реклама —

По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батева Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.

— реклама —

„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“, напиша таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања