Трамвај што утрово минувал по улицата „Цар Душан“ во белградската населба Дорќол излетал од шините и удрил во зграда на аголот меѓу улиците „Душанова“ и „Книќанинова“. Во несреќата се повредени 15 лица, меѓу кои и возачката на трамвајот.
Несреќата се случила околу 9:30 часот, а дел од повредените се здобиле и со скршеници. Кабината на трамвајот број 5 била целосно уништена од ударот, а од силината на судирот биле откорнати и седиштата во возилото.
Според сообраќајниот инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие „Центар“, Иван Банковиќ, причината за несреќата најверојатно е проблем со скретницата.
Тој изјави дека засега е сигурно оти трамвајот излетал поради скретницата и потоа удрил во зградата, но дека дополнително ќе се утврдува дали станува збор за инфраструктурен проблем или човечка грешка. Како можен фактор се споменува и преголема брзина при влегување во раскрсницата.
Српските медиуми објавија дека скретницата на шините била поставена во погрешна положба.
По несреќата трамвајот бил отстранет, а сообраќајот постепено се нормализирал. На местото интервенирале екипи на Брза помош и полиција.
Обвинителството наредило технички преглед на трамвајот, а во рамки на истрагата ќе бидат прегледани и снимките од видеонадзорот, како и изјавите на патниците и очевидците.
Ова не е прв ваков случај на истата раскрсница. Во април 2021 година трамвај исто така излетал од шините и удрил во зграда, а и тогаш како причина бил посочен проблем со скретницата.
(Видео) Трамвај излета од шини во Белград и удри во зграда, има повредени
Трамвај кој сообраќал по улицата „Цар Душан“ во Белград излетал од шините и удрил во зграда на аголот со улицата „Книќанинова“, пренесуваат српските медиуми.Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот, а според неофицијални информации има и повредени лица.На снимките испратени од очевидци се гледа дека кабината на трамвајот е целосно уништена, а дел од седиштата биле откорнати од силниот удар.Според првичните информации, неколку лица се пожалиле на повреди, додека од Итната помош за порталот N1
Свет | пред 4 седмици