(Видео) Судир на два трамваја во Германија: Повредени најмалку 25 лица, тројца се во критична состојба
Најмалку 25 лица се повредени, од кои тројца се во критична состојба, во судир на два трамваја што се случи денеска во германскиот град Гелзенкирхен.Според првичните информации, двата трамваја се движеле еден зад друг во близина на стадионот на Шалке, кога трамвајот што се користел за обука ненадејно закочил, по што патничкиот трамвај удрил во него.Полицијата соопшти дека седум лица се здобиле со тешки повреди, а тројца од нив се во критична состојба. Повредените добиле лекарска помош на местото
Свет | пред 2 седмици