Возачот на сараевскиот трамвај по несреќата: Жал ми е за децата, во тешка состојба сум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryjki2bd9oaboo9qa1YYk

Кантоналниот суд во Сараево го одби предлогот за определување едномесечен притвор за Аднан Касаповиќ, кој управувал со трамвајот во моментот на тешката сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот.

— реклама —

Според наводите на обвинителството, досегашниот тек на истрагата упатува дека несреќата, во која едно лице го загуби животот, а четири беа повредени, се случила поради човечки фактор.

— реклама —

Несреќата се случила кога трамвај од чехословачко производство, стар повеќе од 40 години, со голема брзина влегол во свиок, излетал од шините и удрил во трамвајска постојка, која била целосно урната.

— реклама —

Одбраната, пак, тврди дека причината е технички дефект, што, според нив, оневозможило намалување на брзината. Адвокатите истакнале дека нивниот клиент е искусен возач и дека во конкретниот случај дошло до трипати поголемо забрзување од вообичаеното.

„Возачот се обидел да ја намали брзината, но поради техничкиот дефект тоа не било можно“, изјавил адвокатот Елмин Плеќан, додавајќи дека истиот ден на терминалот на Илиџа имало сличен инцидент со ненадејно забрзување на трамвај.

Касаповиќ се согласи со наводите на одбраната, посочувајќи дека не се чувствува виновен и дека проблемот е од техничка природа. Тој нагласи дека вакви дефекти се добро познати меѓу вработените во јавното претпријатие Градски превоз Сараево (ГРАС) и дека често се случуваат кај овие типови трамваи.

„Имав сличен случај пред 20 години. Во трамвајот има видеонадзор и снимката ќе покаже многу. Таа сè уште не е прегледана. Жал ми е. Жал ми е за децата. Во тешка состојба сум.“, изјави Касаповиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Тинејџерка се бори за живот по страотната несреќа на трамвајот во Сараево

Свет | пред 1 ден

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Свет | пред 2 дена

media-libraryabggc52skr31dZG3uRH

(Видео) Снимен моментот кога трамвај излета во Сараево: загина 23 годишно момче, четири повредени

Свет | пред 3 дена

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Видео) Трамвај излета од шините во центарот на Сараево: Едно лице загина, малолетничка остана без нога

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања