Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Нова снимка од трамвајската несреќа во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Сè уште трае истрагата на Обвинителството на Кантонот Сараево за тешката сообраќајна несреќа што се случи на 12 февруари кога трамвај излета од шините при што загина студент на Академијата за ликовни уметности во Сараево, Ердоан Моранкиќ, а со тешки повреди здоби ученичката, Ела Јовановиќ. Во несреќата три лица добија полесни телесни повреди.

— реклама —

Вчера „Аваз“ објави нова снимка од надзорни камери на Земјишниот музеј во Сараево, на која се гледа како трамвајот со голема брзина влегува во раскрсницата.

— реклама —

„Кликс“ доби потврда дека минатата недела американската амбасада им ги предала снимките од своите надзорни камери на надлежните институции во Сараево. Наведените камери го покриваат целиот правец на трамвајската линија од Железничката станица до музејот каде се случила несреќата.

Истрагата ја отежнува фактот што надзорната камера во трамвајот не работела, па сега е тешко да се утврди што точно се случило и дали однесувањето на возачот било соодветно. По форензичката обработка на хард диск од трамвајот, утврдено е дека последната снимка од кабината на трамвајот е забележана на 29 ноември минатата година.

Возачот на трамвајот, Аднан Касаповиќ, беше уапсен по несреќата, но подоцна е пуштен да се брани од слобода. Според официјалните информации, тој засега е единствениот осомничен во овој случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9pio81uhqi8m7QJUO5a

Трамвај удри во автомобил: Возачот бил под дејство на дрога и без важечка возачка дозвола

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjki2bd9oaboo9qa1YYk

Возачот на сараевскиот трамвај по несреќата: Жал ми е за децата, во тешка состојба сум

Свет | пред 3 седмици

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

Тинејџерка се бори за живот по страотната несреќа на трамвајот во Сараево

Свет | пред 3 седмици

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Фото) „Ела издржи“: Осамна транспарент за поддршка на девојчето на кое му беше ампутирана ногата по несреќата во Сараево

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања