Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Трамвај излетал од шините во Милано: Пешак загинал, речиси 40 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library1cre9d5d3dbf71EYiU2

Најмалку едно лице загина, а 39 се повредени, од кои дел сериозно, во тешка несреќа со трамвај што се случи денес околу 16 часот на улицата Виторио Венето во северниот дел на Милано.

— реклама —

Трамвајот излетал од шините и удрил во зграда. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето повредени се патници од возилото. На местото на несреќата интервенирале бројни екипи на итна помош, а има и информации за лица заробени во остатоците од трамвајот. Цивилната заштита поставила шатори за да им обезбеди помош на повредените.

— реклама —

Очевидци опишуваат моменти на ужас: „Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, раскажа еден маж за агенцијата Анса. „Беше страшно.“

— реклама —

„Само слушнав ужасен тресок“, изјави 27-годишната Ана која се наоѓала во близина. „Видов дел од трамвајот како влегува во продавница.“

Причината за несреќата сè уште не е позната, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби влегло со преголема брзина во остар свиок. На местото пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

deca-poprecenost

(Фото) 12 деца и 4 возрасни отруени во градинка во Милано

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања