Центар за култура Битола и Камерен оркестар, најавуваат концерт насловен „Засекогаш во срцата 3“ , кој оваа година ќе биде посветен на двајца великани во музичкиот свет Тоше Проески и Аки Ракимовски.
Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Александар Тарабунов, Виктор Апостоловски и Јана Бурческа се дел од музичарите што на 18 и 19 февруари ќе пеат на концертот.
Придружувани од хорот на ДМУ Битола, пејачите ќе испеат некои од најголемите хитови на Тоше и Аки. Диригент е Владимир Димовски, а организатор е Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола.
„Капацитетот на салата поради здравствените протоколи е 400 седишта и за влез е потребен сертификат за вакцинација“, велат организаторите и додаваат дека билетите се веќе распродадени.
/273744704_4128884647213839_5462763079736430961_n" rel="attachment wp-att-165875">