Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) По седум месеци повторно гори Вардариште - „Стоп за Вардариште“ предупредува: Нема да дозволиме ново труење!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library1i6qkk3vqbr69dfDL4L

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека депонијата Вардариште повторно е зафатена од пожар, по пауза од седум месеци. Во објавата се упатува остро предупредување до надлежните институции за итна реакција и предупредуваат дека доколку овасе повтори ќе бидат приморани на повторно активирање на блокадите.

— реклама —

"15.4.2026 - по 7 месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!

— реклама —

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните.

— реклама —

Ова е последно предупредување од наша страна! Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите.

Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата.

Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје!

#СтопЗаВардариште", стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4brs0ve4fekl43iVArO

(Фото) Се чисти Вардариште со тешка механизација, отпадот се транспортира на Дрисла

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-library8o34vtj7ji9e50h5VjW

(ФОТО) „Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија“, вети Шукова

Скопје | пред 6 месеци

vardariste-OJO

„Стоп за Вардариште“ - Депонијата нема ограда!

Скопје | пред 6 месеци

aerodrom-vardariste

„Вардариште“ под лупа: Камери, обезбедување и ограда за депонијата веднаш

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања