Предлог-измените на Законот за извршување на санкциите денес се пред пратениците во Собранието, со што измените што ги менуваат условите и постапката за избор на директор на Управата за извршување санкции влегуваат во собраниска расправа.
Предлогот е поднесен од група пратеници и се предлага да се носи по скратена постапка.
Измените се значајни и во контекст на актуелниот в.д. директор на Управата, Александар
Пандов, за кого „Скопје1“ претходно го отвори прашањето дали со важечкиот закон ги исполнува условите за да биде именуван за директор со полн мандат.
Според важечкиот закон, кандидатот за директор треба да има најмалку десет години работно искуство, од кои пет години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи.
Пандов е в.д. директор од јули 2024 година. Според јавно познатите биографски податоци, тој е дипломиран историчар и бил пратеник, но не е познато дека пред именувањето имал пет години работно искуство во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи, што би значело работа со затвореници.
Со предложените измени, токму членот 28 се менува. Наместо сегашните детално наведени услови во Законот за извршување санкции, изборот на директор треба да се врши согласно Законот за високи раководители.
Се предлага и мандатот на директорот да биде продолжен од четири на пет години.
Во образложението на предлогот се наведува дека целта е усогласување на изборот, условите за именување и разрешувањето на директорот со Законот за високи раководители, како и воведување постапка за селекција и посебно релевантно работно искуство.
Токму затоа измените се важни и во случајот на Пандов. Ако сегашниот закон бара пет години искуство во конкретната област, а неговата јавно позната биографија не покажува такво претходно искуство, тогаш промената на критериумите е клучна за тоа дали тој во иднина ќе може да конкурира и да биде именуван за директор, а не само да остане вршител на должност.
Ако Собранието ги усвои измените, законот треба да почне да се применува од 1 октомври 2026 година. Тоа значи дека потоа, Пандов може да биде именуван на оваа функција.
Се менува условот што Пандов не го исполнува, двете години како в.д. може да му донесат петгодишен мандат во Управата за санкции
Законот за извршување на санкциите се менува, а со измените се брише условот што може да биде главна пречка Александар Пандов да стане директор на Управата со полн мандат, наместо да биде вршител на должноста директор како до сега.Според важечкиот закон, кандидатот за директор мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои пет години во извршувањето на санкциите или во сродни работи. Со предложените измени, овие услови целосно се бришат, а изборот ќе се врши според Законот за високи
Македонија | пред 5 дена