Собранието денеска на почетокот на седницата за пратенички прашања ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој не ја искористи опцијата усно да ја образложи оставката, а оставката на премиерот повлекува оставка и на целата влада.
Со констатирањето на оставката, почнува да тече рокот од 10 дена претседателот Стево Пендаровски да го додели мандатот за состав на влада на нов мандатар, а потоа тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.