Пратениците на ЛДП, Зајкова и Мојсоски бараат точни информации за употребата на мазутот во С. Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

Поради бројните реакции во јавноста, имајќи ја предвид надзорната улога на Собранието врз институциите пратениците на ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсоски испратија писмо до надлежниот министер задолжен за пуштање во употреба на течни горива во Република Северна Македонија.

— реклама —

- Очекувам дека ние и сите граѓани ќе добиеме навремена и соодветна информација која ќе опфаќа јасен преглед за квалитетот на мазутот кој се внесува и користи во земјата. Секој човек има право на здрава животна средина и сите заедно треба да придонесеме за истата, вели Зајкова.

— реклама —

Тие во писмото бараат да се достави итна Информација до Собранието на РСМ во која ќе се наведат објаснувања и веродостојни анализи за можните (не)намерни пропусти по однос на обвинувањата изнесени во првата епизода на „Редакција“ на МТВ1 во однос на отровниот карактер на опасните хемикалии употребени како „мазут“ или „течно гориво“.

— реклама —

- Во најкус рок треба да се направат измени на член 8 и член 9 од Правилникот за течни горива кои се однесуваат на квалитетот на мазут, односно да се намали граничната вредност на количество сулфур од 1.00% на 0.5%, а воедно и да се проверува количество на други параметри без одлагања, бараат Зајкова и Мојсоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања