Промени тема
Контакт

Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот, смета ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-2

„СДСМ не работи во корист на граѓаните. СДСМ продолжува да манипулира со граѓаните. Пратениците на СДСМ ги интересира само да им помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање за дополнување на дневен ред за расправа на комисијата за труд и социјална работа со барање за доставување на информации околу несреќата во Тетово. Претседателот на комисијата иако го стави на дневен ред ова барање, СДСМ гласаше против, со што не прифати да се зборува за несреќата во Тетово. Пратеничката група на СДСМ постапи исто како Зоран Заев за кого несреќата е банална. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако ги исцрпи сите претходни механизми достави барање за формирање на анкетна комисија за случајот во Тетово. Четири години владејачкото мнозинство не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев. Ништо друго не ги интересира. Едноставно што ги интересира се тендерите, провизиите и бизнис зделките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Срамно и лицемерно е СДСМ да се повикува на маките и барањата на работниците, а од друга страна четири години да ги лаже, манипулира и замајува. Заврши времето на лаги и манипулации. Дојде време народот да одговори и да каже што мисли за СДСМ“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања