Промени тема
Контакт

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат зголемувањето на минималната плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stojanoski-22.04

„Пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ ќе го поддржи најавениот Закон за минимална плата. ВМРО - ДПМНЕ е партијата во чие време за првпат се воведе овој концепт, но за разлика од сега, наместо да чекаме преговори меѓу засегнатите страни и до последен момент да не се знае колкава ќе е минималната плата, во минатото минималната плата се знаеше однапред најмалку една година“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде:

„Ваквата политика доведуваше до предвидливост кај стопанските субјекти на идните трошоци кои ќе ги имаат за вработените.

— реклама —

Во оваа прилика би сакал да истакнам дека со новиот Закон за минимална плата и она што е договорено според тоа што го пренесоа медиумите, државата преку собраните даноци во 2022 година ќе даде над 50 милиони евра за субвенција на плати.

— реклама —

ВМРО - ДПМНЕ најавува амандманска интервенција на овој закон со цел да не се дозволи урамниловка односно изедначување на платите и демотивација кај вработените кои имаат поголеми работни обврски и сложеност на работните места.

Токму затоа како пратеничка група ќе бараме усогласување на Колективните договори со новата минимална плата од 18 илјади денари.

— реклама —

Очекуваме владејачкото мнозинство да излезе во пресрет на барањата и платите на културните работници, на наставници, на здравствените работници, но и на сите останати вработени во јавниот сектор да пораснат сразмерно со новата минимална плата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања