Собранието распиша тендер за Aнгажирање на агенција за сместување во земјата и странство. Законодавниот дом бара агенција која ќе ги сместува пратениците и спикерот во хотели кога ќе патуваат во земјава и надвор, а имајќи предвид дека е отворен процесот за евтоатлантските интеграции на земјава тие имаат набиени агенди.
Покрај тендерот за агенција за хотелско сместување, Собранието распиша и тендер за авиобилети.
Според тендерот проценета вредност на договорот без ДДВ за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за 2 години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, се ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент.
Оваа постапка е потранспарентна и поконкурентна. Инаку двата тендера ке бидат објавени на Европски сајт за јавни набавки за да може и меѓународни агенции да конкурираат. Постапката трае 45 дена, а пред самиот почеток на постапката се спроведува технички дијалог на кој немавме ниту една забелешка.
Патните расходи за авио билети за 2018 година биле 5 милиони 687.163 денари.
13 милиони денари се предвидени и за сместување за период од две години. Дел од средствата се од донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Очекуваната провизија е 0,01 процент. До сега секој одделен сектор сам резервираше хотели, се вршеше резерваци со картички, и сега нема секој одделно да резервира хотели и треба да се исполни минимумот услови, минимум ѕвезди, 1 км. оддалеченост од н астанот поради заштеда на средства за локален превоз и да има минимум три понуди, што значи ќе се избира најекономична и најповолна понуда.
Собранието на Република Северна Македонија има Календар за претстојни активности од областа на меѓународна соработка . За 2019 година, се планирани 106 настани. Се работи меѓу другото за седници на ПС на НАТО, годишна сесија на ПС на Совет на Европа, Студиска посета на нАТО, Состанок на комисии, Парламентарно собрание на ОБСЕ, состанок на МПК-РМ и ЕУ, Генерално собрание на ОН, Рос-Рот семинар, Комисија за миграции на ПС на СЕ. Во Собранието има 8 постојани делегации за мултилатерална соработка и 46 делегации за билатерална соработка. Има соработка на ниво на работни тела, на пример за соработка на Националниот совет за европски интеграции и Комисија за европски прашања.
За секое патување по добиената покана, заседава и одлучува Претседателството на Собранието. Во 2015 година за авио билети се потрошени 4,780,510.00 а за сместување 5,140,831.00, 2017 година, поради настаните и делумното неработење на Собранието за сместување се потрошени 3,234,062.00 и за авио билети 1,887,032.00.
Во 2019 Собранието го очекува интензивна меѓународна соработка. Отпочнат е скрининг процесот по поглавја на кои учествуваат и административни службеници од Собранието.