Промени тема
Контакт

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Филипче и Хасани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на итна седница на Собранието согласно член 67 и член 68 од Деловникот, со две точки на дневен ред Одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и Одлука за разрешување на заменикот министер за здравство Илир Хасани, соопшти денеска пратеникот Антонио Милошоски.

-Нашето прашање до собраниското мнозинство и до Владата е уште колку луѓе треба живи да изгорат како пациенти за да се понесе политичка и објективна одговорност за ваквата трагедија која што е резултат на неодговорноста на власта, рече Милошоски.

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека нивните очекувања се дека претседателот на Собранието согласно членовите 67 и 68 ќе ја закаже седницата на Собранието во рок пократок од 10 дена, бидејќи сметаат дека оваа состојба е од итен карактер и треба итно да се разреши.

— реклама —

Милошоски потсети дека во Романија пред пет дена се случи пожар во болница со загубени пет човечки животи и оти таму падна целата Влада.

— реклама —

-Во Македонија пред еден месец изгоре модуларната болница во Тетово, но во Романија падна целата Влада, а во Македонија падна продолжниот кабел со кој што премиерот Заев ја потценува интелегенцијата на сите граѓани и сака да ја сокрие одговорноста на Филипче, министер за здравство, рече пратеникот.

Затоа, како што потенцира, ВМРО-ДПМНЕ смета дека зелената агенда на ДУИ и СДСМ, за жал, изгоре со тетовската модуларна болница, со која што изгоре и принципот за политичка и објективна одговорност на носителите на јавни функции кои што треба да се грижат за здравјето на граѓаните.

— реклама —

-Гледаме дека здравјето и животите на 14 луѓе беа колатерална штета на неодговорната власт, рече Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања