Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19, се вели во соопштението од Собранието.
Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.
Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.