Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Правдата повторно ставена во служба на СДС и ДУИ, вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-libraryf7rf23ebacsgfICTjlS

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната пре-конференција обвини дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел политички мотивирана одлука за затворање на предметот поврзан со набавка на мазут, вреден 167 милиони евра.

На прес-конференција, Милошоски изјави дека со одлуката за запирање на постапката, правдата повторно била ставена „во служба на СДСМ и ДУИ“.

— реклама —

Тој тврдеше дека Абази, како шеф на обвинителството, имал законска можност да одлучи предметот да продолжи или да биде предаден на друг обвинител, но наместо тоа дал согласност случајот да биде затворен.

— реклама —

„Ислам Абази наместо да биде обвинител кој ќе гони организиран криминал и корупција, си ја препишал улогата на судија“, рече Милошоски.

— реклама —

Според него, во македонското правосудство досега немало случај предмет од висок јавен интерес и со сомнежи за криминал од таков обем да биде затворен пред да стигне до судска постапка.

Милошоски посочи дека обвинителството претходно барало притвор за лица опфатени во предметот, а сега, како што рече, тврди дека нема основ за продолжување на постапката.

Тој оцени дека ваквото постапување дополнително ја намалува довербата на граѓаните во правосудниот систем и побара Абази да поднесе оставка од функцијата шеф на ОЈО ГОКК.

Во изјавата Милошоски ги спомена и Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев, тврдејќи дека тие имаат влијание во делови од обвинителството и судството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqsej9jjb3i3h1EnGUAV

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалците

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите, вели СДСМ

Македонија | пред 5 месеци

kulafkova

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања