Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Правосудниот испит пред оценка на Венецијанската комисија: Презентирани законската рамка и начинот на полагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-libraryiu7ue4j5kgvveG1efvK

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со известувачите на Венецијанската комисија, во рамките на постапката за добивање мислење за предложениот модел за организирање и полагање на правосудниот испит.

— реклама —

На средбата присуствувале и претседателот и членовите на Комисијата за полагање на правосудниот испит, кои го презентирале и практично го демонстрирале начинот на спроведување на испитот.

— реклама —

Шасивари ја образложил уставната и законската основа на предложеното решение, како и консултациите со правните факултети, деканите и студентските организации.

Според министерот, целта е да се обезбеди еднаков пристап до правосудниот испит за сите кандидати, без да се намалат професионалните критериуми, квалитетот и интегритетот на испитот.

— реклама —

Тој посочи дека од Венецијанската комисија се бара независна и стручна правна оценка, врз основа на која би се дошло до уставно и правно одржливо решение, усогласено со европските стандарди.

— реклама —

Од Министерството за правда велат дека остануваат отворени за препораките на Комисијата, оценувајќи дека институционалниот дијалог е важен за изнаоѓање прифатливо решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанската комисија, се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
ali-ahmeti

Ахмети се обрати и до САД, ЕУ, НАТО, Тирана и Приштина: Се загрозуваат колективните права на Албанците

Македонија | пред 2 дена

media-librarytifdc02pruhadPzXqGy

Али Ахмети со отворено писмо до Шасивари: Да го претставуваш деградирањето на албанскиот јазик како напредок е чин на предавство кон Албанците

Македонија | пред 2 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања