Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пречистителната станица во Волково во јануари пречистила 71.339 кубни метри отпадна вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
stata-7-

Во текот на месец јануари годинава во пречистителната станица за отпадни води Волково пречистени се вкупно 71.339 кубни метри отпадна вода. Притоа, од механичкиот предтретман на водата се отстранети приближно 2 тона различен отпад, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

— реклама —

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води што доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански двор и Волково. Станицата е предвидена за 19.500 еквивалент жители. За пречистување на отпадните води се користи современа СБР технологија, а се прават и анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање отпадна вода во реката Лепенец.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат и дека во периодот од 03.01.2022 година до 31.01.2022 година биле изработени анализи на 14 примероци од две мерни места. Направените анализи покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања