Деновиве Заменик-директорката на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, објави видео кое го видела на „Тикток“.
На видеото еден од посетителите ги вознемирува магарињата во скопската зоолошка градина, а таа вели дека треба да влезе во категоријата „Простак на годината“.
Тина Мицковска од ЗОО Скопје за „Фокус“ не го криеше разочарувањето од ваквите постапки на луѓето, кои не биле непознаница и во минатото.
„Пред 20 години свеста и едукацијата не беше на ниво како сега. Во целата ситуација, ме радува тоа што во последните години преку кампањи ја зголемивме свеста кај посетителите, секојдневно постојано апелираме за совесно однесување, низ градината и на влезот се поставени табли со кодекс на однесување, а и јавните личности и СВР Скопје ни помагаа во едукација на посетителите“, вели таа.
Целиот текст можете да го прочитате тука