Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, вели СДСМ

„Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

— реклама —

Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.

Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.

— реклама —

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.

Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.

— реклама —

Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.

Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.

— реклама —

Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 12 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања