Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Пред пратениците можност за намалување на патните трошоци; „Земаат вртоглави суми, а не донираат за болни дечиња“, пишува доктор Лазаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
sobranie-sala

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица објави дека денеска е денот „Д“ за ограничување на патните трошоци кои ги земаат пратениците, а докторот Ненад Лазаров објави дека досега ниту еден пратеник не донирал пари за лекување на деца преку платформата „ECrowd.mk“. Двете работи се врзуваат со тема која со години ја фрустрира јавноста, со оглед дека илјадници евра народни пари се исплаќаат за народните избраници да можат да одат од дома до работа и назад.

— реклама —

„Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име "ПАТНИ ТРОШОЦИ" + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари). Денес е денот Д. Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот...“, напиша Апасиев.

— реклама —

Вчера пак, докторот Ненад Лазаров ги просва пратениците за кои рече дека земаат вртоглави суми за патни трошоци, дали им е брука да вртат глава на страна кога има апели за помош.

„Ниеден пратеник од Собрание на Република Северна Македонија до сега нема донирано за болните дечиња за кои Фондација ECrowd.mk се бори заедно со родителите и народов! Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро бе, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош? 4 години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои, каква ви е таа душа а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации? И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите? Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас“, напиша Лазаров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања