„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пред три месеци негираше вина: Нацев, ексдиректор од ВМРО-ДПМНЕ е новиот осомничен за пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
gadf

Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.

— реклама —

„Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

„Без да имаат договор со клубот „Кабаре ПУЛС“ Кочани, во текот на 2025 година незаконски вршеле обезбедување на објектот. Новоосомничениот активно раководел со ова обезбедување, спротивно на Законот за приватно обезбедување – без безбедносна проценка, план, проверка за противпожарна заштита и услови за евакуација. Во ноќта на пожарот, не го контролирале влезот, дозволиле присуство на малолетни лица, преполнетост на објектот и внес на пиротехника од музичката група, што довело до пожар во кој загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а 54 со полесни повреди“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата

„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.

Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година, кога со Владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Важеше и за истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, од чија говорница држеше и прес-конференции. Нацев e и извршен директор на ЦБИ и професор на Факултетот за државна безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања