Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

„Предизвикаа паника кај кравите, па ме уапсија мене“, вели Јулијана, која ги напасувала кравите кои ги бркаше АХВ со МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library66beptcd7osj6m6S36j

Јулијана Ѓорѓиевска за „Скопје1“ обвинува дека акцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство со асистенција на МВР во Крива Паланка била спроведена небезбедно, со собирање и оттурнување на крави кон патишта, што предизвикало паника и ризик за јавната безбедност. Таа тврди дека додека ги враќала кравите од кејот за да спречи несреќа, била приведена и задржана од 9:30 до 15:00 без јасно објаснување. Според неа, биле одвоени мајки од телиња, а подоцна една крава била прегазена на магистралниот пат барајќи го телето; возачот наводно избегал. Ѓорѓиевска бара одговорност, протоколи, законито и транспарентно постапување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Јулијана Ѓорѓиевска, која денес тврди дека ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко, во изјава за „Скопје1“ изнесува сериозни обвинувања за начинот на спроведување на акција во Крива Паланка од страна на Агенција за храна и ветеринарство со асистенција на Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Според неа, при акцијата животните биле собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што, како што наведува, предизвикало паника и неконтролирано движење на добитокот, со реален ризик за јавната безбедност.

— реклама —

„Се наоѓав на терен како и секој нормален ден. Додека се движев со мојот автомобил, забележав неколку крави кои се упатуваа кон кејот на Крива Река. Го запрев возилото и се упатив да ги вратам кон ридот, со единствена цел да спречам можна сообраќајна несреќа или штета. Успеав да ги оттурнам околу 100 до 200 метри“, вели Ѓорѓиевска.

— реклама —
media-librarytti7lvg100660mVytoy

Таа тврди дека при враќањето кон автомобилот била пресретната од двајца полициски службеници кои ѝ наредиле да не мрда и ѝ соопштиле дека е лишена од слобода. „На прашањето зошто, ми беше одговорено: ‘Ќе видиш во станица’. Бев задржана од 9:30 до 15:00 часот“, наведува таа.

Според нејзината изјава, во текот на акцијата биле одвоени мајки од телиња, што предизвикало дополнителен стрес и паника кај добитокот. Околу 18:00 часот, една крава која лутала по магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, барајќи го своето теле, била удрена од товарно возило и усмртена на лице место. Возачот, како што наведува Ѓорѓиевска, го напуштил местото на настанот.

„Кој ја презема одговорноста за ваквиот исход? Дали постои јасен протокол при вакви акции за да се спречи ризик по јавната безбедност? Зошто се одвојуваат мајки од телиња, знаејќи дека тоа предизвикува панично однесување?“, прашува таа јавно.

Ѓорѓиевска истакнува дека не бега од институции ниту од соработка, но бара законито постапување, транспарентност и заштита и на луѓето и на животните.

„Ова не е само прашање на добиток. Ова е прашање на одговорност“, додава таа, оценувајќи дека начинот на спроведување на акцијата создал директен ризик и последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kriva-palanka

Подметнат пожар во Крива Паланка: уништена штала со сено

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

Проблематичните крави од Крива Паланка одат на продажба, откако пет години трае драмата со нив

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Градоначалникот на Паланка до АХВ: Излезете на терен и решете го проблемот веднаш, или ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност

Македонија | пред 2 седмици

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања