Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма, Богоев со детали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
S.Bogoev

На првата средба меѓу СДСМ и Алтернатива е разговарано за основите, односно за концептот, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма.

— реклама —

Владината програма која што лани беше усвоена на владејачката коалиција по јулските избори 2020, сега ќе претрпи измени, бидејќи во Владата би требало да влезе нов политички субјект, а тоа е Алтернатива и тоа беше фокусот на првата средба, рече Богоев.

— реклама —

Тој додаде дека СДСМ утре има ИО и ЦО, Алтернатива има претседателство, во меѓувреме се користи времето да се разговара со коалициските партнери и да се запознаат со дискусиите и впечатоците од првата средбата со Алтернатива, за да може утре на органите и телата на двете партии, претходно консултирајќи се со коалиционите партнери да дадат евентуално позитивно зелено светло за да продолжат разговорите.

Ако се даде тоа зелено светло преговорите ќе навлезат и во кадровската политика, рече Богоев, додавајќи дека Алтернатива си има некои програмски работи кои смета да се суштински битни за да бидат дел од парламентарното мнозинство, сега фокусот е на тоа, штом се усогласат тие работи ќе се премине веднаш кон кадровските дискусии.

— реклама —

Во моментов за нас е битно да се задржи мнозинството и дополнително да се зголеми, во време на криза, во време на отворениот прозорец за добивање датум за почеток на преговори, наш топ приоритет е поголемата слика, кадровските прашања се секундарно прашање, рече Богоев.

— реклама —

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев ги повика институциите да испитаат во кое својство Христијан Мицкоски секојдневно, во работен ден, во работно време е на терен со градоначалниците и вработените во општините.

Гледаме Христијан Мицкоски на прес конференција промовира во Гази Баба канализација, проект од претходниот градоначалник на СДСМ, а вработени и градоначалник му реферираат на партиски лидер, тоа е прекршување на законот, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања