ЛДП во 2010 ја промовира идејата за „рационален парламент“ со 90 пратеници, вели Горан Милевски.
„Тоа е запишано и во програмата на ЛДП "Има Излез" - на страна 9.
Предлогот на Мицковски даден при вчерашното негово гостување во емисијата 360 степени на Алсат, е копија на предлогот на ЛДП кој е даден уште пред 12 години.
Ние знаеме дека идеите на ЛДП во моментот на предлагање се неразбирливи и неприфатливи, но добро е да се знае дека сме пред времето со нашите ставови.
Се радуваме што и другите политички чинители конечно разбираат дека на македонската држава и требаат мали и ефикасни институции“, додава Милевски.