Предлогот за скратено работно време е предизборно додворување, тврди Давитковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Нелогичен и смешен е предлогот администрацијата наместо 40 да работи по 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок, вели професорот Борче Давитковски.

— реклама —

– Крајно нерационално е на административните службеници да им се даде скратена работна недела, од она што го предвидува Законот за работни односи според кој работната недела трае 40 работни часови, рамномерно распоредени на пет работни дена. Од друга страна, нелогичното произлегува и од фактот што економскиот сектор од кој практиочно се обезбедува платата на тие службеници, со овие измени ќе работи подолго од администрацијата – вели Давитковски.

— реклама —

Тој смета дека  причината е лукративна во пресрет на локалните избори и е своевидно додворување на околу 140.000 административци.

— реклама —

– Сите држави во рамки на реформите што ги прават на администрацијата, предидуваат поголема достапноста на институциите за да може секој граѓанин да ги заврши своите обврски, а кај нас се прави спротивното – се предлага, службениците во петок по само четири часа работа да си заминат дома – вели тој за „Локално“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања