Обвинителката Милица Гаврилова која го води случајот со велешанецот обвинет за „трговија со дете“, кое било користено на т.н. сексуални забави и било силувано, смета дека нема сменети околности за првоосомничениот 26-годишник, да излезе од притвор. Потенцира дека случајот е сензитивен, а можноста обвинетиот да влијае на сведоци и да избега – постојат. Гаврилова посочува дека токму поради тоа, кога го поднела обвинението, побарала продолжување на притворот – што било направено.
„Со оглед дека околностите и по завршување на истражната постапка и поднесување на Обвинителниот акт не беа променети, јавниот обвинител при поднесување на обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на веќе изречените мерки спрема обвинетите, при што како основи за определување на мерките беа наведени опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата. Воедно, секоја жалба на одбраната на обвинетите во врска со притворот, како и предлозите на замена на мерката притвор со гаранција од страна на обвинителството не беа прифатени, односно јавниот обвинител имајќи ја предвид сензитивноста на предметот, како и запретените високи казни за извршување на вакво кривично дело даде негативно мислење“, вели обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.
Првоосомничениот велешанец не е единствениот кој беше во притвор. Осуммина добија иста мерка, а две лица добија мерки на претпазливост.
„Наводите што обвинителот тогаш ги даде беа во насока на неговата проценка дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото“, додава обвинителката Гаврилова за „Скопје1“.
Прашана за оправданоста на одлуката Апелација да го ослободи од притвор првоосомничениот, Гаврилова не сакаше да коментира.
„Обвинителството како странка во постапка не ги коментира судските одлуки и нивната оправданост“, посочува обвинителката Гаврилова.
„Скопје1“ веќе објави дека слободата, 26-годишниот велешанец ја доби со гаранција вредна 70.000 евра. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде пуштен од притвор, Апелација прво донела решение во кое посочува дека велешанецот не може да влијае на сведоци. Сега, со гаранцијата носат и решение дека не може да избега.
Со пари до слобода: Излезе од притвор велешанецот на кого му се суди за сексуалните забави со уценето дете
На слобода излезе 26-годишниот велешанец кој беше во притвор, а му се суди за „трговија со дете“. Додека Обвинителството докажува дека тој со закана овозможил 15-годишната малолетничка да биде силувана и снимана, Апелација го пушти да излезе од притвор. Гаранција вредна 70.000 евра која велешанецот ја оставил, за Апелација е доволен доказ дека тој нема да избега. Адвокатката на жртвата алармира дека девојчето се чувствува небезбедно, а оправданост во одлуката на Апелација – не гледа. За да биде
Македонија | пред 2 години