Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Предупредување: Утре локално, но посилно невреме повторно ќе ја зафати Македонија

објавено пред 1 година -

Македонија
448949324_450123214443621_1143009177295083315_n

Под влијание на ладен атмосферски фронт поврзан со циклонска активност со центар некаде над Италија утре (вторник) 2.7.2024 во попладневните и во вечерните часови повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, а со тоа од север ќе започне да пристигнува значително посвеж воздух.

Во ваква ситуација, кога топлиот воздух под чие влијание сме сега ќе се судри со значително посвежиот воздух од север утре попладне и навечер на повеќе места во Македонија ќе дојде до развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, исто така невремето ќе биде проследено и со силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој би можел повторно да биде крупен.

— реклама —

И во делови од Скопската котлина утре попладне и навечер можна е појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие утре во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, меѓутоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда тие ќе бележат тенденција на позначително опаѓање, па така во среда и во четврток ќе биде значително посвежо и променливо со повремен локален пороен дожд, грмежи и повремено умерен до засилен северен ветер.

— реклама —

Поради очекуваната нова поголема дестабилизација на времето и очекуваното невреме утре попладне и навечер, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите навремено да се заштитат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања