Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лажни долгови и договори за отстапување на побарувања - откриена злоупотреба во Здружение на инвалиди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0joatjthp5n21Rbweuv

СВР Штип поднесе кривична пријава против четири лица од Штип поради сомнение за злоупотреба на службена положба и измама при добивање кредит или друга погодност.

Пријавени се Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и З.С.(44), која се сомничи за продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Според информациите од полицијата, првите тројца, во периодот од септември 2012 до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, ги префрлувале дневниците кои четвртопријавената ги заработувала како секретар на здружението на трансакциска сметка на нејзината мајка. Целта била З.С. да не го изгуби правото на социјален детски и образовен додаток.

— реклама —

Дополнително, З.С. со лажно прикажување факти го довела во заблуда новиот претседател на здружението, тврдејќи дека постои долг кон нејзината мајка. Во име на здружението бил склучен договор за отстапување побарување со нејзината мајка, а по нејзината смрт, ист договор бил склучен и со нејзината ќерка.

— реклама —

Истрагата покажала дека првопријавениот и второпријавената вршеле исплати за себе и за други лица за седници кои воопшто не биле одржани, како и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.

Третопријавениот, пак, склучил договор за закуп на станбен простор додека траел јавен оглас, без да бидат разгледани сите поднесени барања. Во повеќе наврати од службената сметка префрлал средства на својата лична трансакциска сметка, а извршил и исплата на правно лице за наводна угостителска услуга.

— реклама —

Со наведените дејствија, првите тројца го оштетиле буџетот на здружението за 297.730 денари, додека на четвртопријавената ѝ овозможиле противправна имотна корист од 88.234 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле

Македонија | пред 11 час

pozar-1

Избувнал пожар во кујна на маркет во Скопје, нема повредени

Македонија | пред 15 часа

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид, две лица со тешки повреди

Македонија | пред 16 часа

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Шест физички напади пријавени во Скопје за еден ден

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања