Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Преговорите за Маричиќ се најважни, тоа го кажал и на Германката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826954785_8561cc25fc_c

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман, по што одржаа заедничка прес-конференција на која ја истакна важноста на евроинтегративниот процес на државата и започнување преговори за членство во ЕУ.

— реклама —

„Отпочнување на процесот на преговори е нашиот клучен надворешно - политички приоритет, заедно со регионалната стабилност, а воедно и наша обврска, бидејќи нашите граѓани заслужуваат да живеат во модерна, безбедна и просперитетна земја која нуди еднакви можности за сите. Во таа насока би ја подвлекол важноста на Берлинскиот процес со кој Западен Балкан тргна во вистинска насока и со кој несомнено направивме реален исчекор во реформските процеси, но и во регионалната економска соработка, којашто претставува темел за одржлив раст и прогрес. Во оваа регионална соработка презедовме одговорност за многу процеси и иницијативи со кои покажавме дека нашите политики се засновани на европските и демократски вредности, мирот, еднаквоста, почитување на човековото достоинство, отворени за соработка и вистински посветени на овие заложби. Покажавме дека знаеме да испорачаме резултати, да се интегрираме и да создадовме пријателска атмосфера и помеѓу државите и помеѓу граѓаните од Западен Балкан, кои пак денес ги уживаат придобивките од интеграцијата на регионот. Во таква атмосфера ќе се одвиваат и разговорите со Бугарија. Со директен, транспарентен и инклузивен дијалог секое отворено прашање се решава. Предизвикот кој е пред нас и единствена пречка за отпочнување преговори и верувам дека ќе се надмине со добра и искрена волја на двете страни, согласно принципите на меѓународното право и европските постулати“, подвлече Маричиќ.

— реклама —
— реклама —

Маричиќ изрази благодарност до Република Германија за досегашната поддршка во евроинтеграциите на Република Северна Македонија и најави дека во претстојниот период ќе се интензивира подготовката на администрацијата за процесот на преговори со ЕУ.

— реклама —

„Од исклучително значење е посетата во време кога новата Влада, со дополнета програма и надоградени политики, започнува со својата работа и ја сметам како афирмација на германската поддршка за нашата европска перспектива и воопшто за интеграцијата на Западниот Балкан во Унијата. Во таа насока, би изразил задоволство и благодарност што неодамна избраната Влада предводена од канцеларот Шолц, високо на коалициската програма го има и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. Во програмата експлицитно се нагласува потребата за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, без дополнителни одлагања. Германија, неминовно, останува важен и искрен стратешки партнер на нашата земја, и сигурно е дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во заеднички интерес. Во наредниот период ни претстои период на интензивирање на подготовката на администрацијата за понесување на процесот на преговори, комуникација со сите актери клучни за успешен преговарачки процес - граѓанските организации, академската и бизнис заедницата, јакнење на капацитетите на институциите за апсорпција на ИПА фондовите, едноставно кажано, целосно покренување на структурата за преговори“, заклучи Маричиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања