Дел од корисниците во општина Чаир и населбата Топанско Поле денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот, поради промена на шибер со профил Ф-250 милиметри на улицата „Џон Кенеди“, на крстосницата со улицата „Лазар Трповски“.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Трповски“ и населбата Топанско Поле.