Преку гаража, па во лифт, право во судница - сокриен еден од осомничените за убиството на Вања

објавено пред 2 години -

Македонија
vanja-ubijci-41234123

Три лица се донесени во Кривичниот суд и изведени пред судија на претходна постапка за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Последното лице беше сокриено од медиумите и спроведено во судница преку гаражите на судот, па потоа во лифт до третиот кат. Вратата на Кривичен беше заклучена од страна на стражарите по вториот спровод. Не се знае, дали последното лице кое е спроведено е лицето кое пукало во Вања.

— реклама —

Пред него, полицијата преку гаражите, па по скали спроведе непознато лице, кое е уапсено за истиот случај.

Единствен осомничен кој беше донесен преку паркингот на судот е Велибор Манев. Тој беше прв спроведен. Станува збор за лице кое се дружело со Љупчо Палески-Палчо, а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството. Палчо и Манев на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии.

— реклама —

Обвинителството потврди дека е уапсен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Обвинителот до изутрина ќе одлучи дали ќе бара притвор и за него.

Полицијата трага по Љупчо Палевски- Палчо, кој е недостапен за органите на прогонот. Тој е надвор од Македонија, а државата ја напуштил откако Вања била убиена во понеделникот.

Низа дружби и средби имало помеѓу осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Скопје1“ дојде до фотографии од лицата кои од вчера се во полициска станица, а треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Дел од дружбите, според фотографиите, биле во седиште на движењето на Љупчо Палевски – Палчо, по кого полицијата трага, додека тој е надвор од Македонија.

Сепак, официјални детали се очекуваат дури утре, во 10 часот, кога е закажана прес-конференција на Обвинителството.

Засега е потврдено дека од пет лица, за тројца се бара притвор, двајца не се поврзани и по распитот се пуштени на слобода, по еден (Палчо) се трага и еден е сега приведен.

Од фотографиите кои ги поседуваме, лицето кое е првоосомничено дека го извршило убиството, позира со нож, седи зад знамето на „Трета“ партија која се поврзуваше со Палчо. Во друштво е и со другите осомничени. Од фотографиите се добива впечаток дека сите осомничени имале интензивни дружби.

Седиштето на движењето „Трета“ е во Кисела Вода, кое неофицијално, полицијата го проверувала за да обезбеди докази. Се очекува по Палчо да биде распишана и потерница бидејќи се знае дека ја напуштил државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања