Додека политичката сцена во регионот често се поврзува со луксуз и неброено богатство, последниот извештај на Агенцијата за спречување корупција на Косово донесе вистинско изненадување. Косовскиот премиер Албин Курти пријавил дека на неговата банкарска сметка има симболични 16 евра и 41 цент.
Според официјалните податоци, првиот човек на приштинската влада живее како под кирија во стан за кој месечно издвојува 350 евра. Овој износ бележи пораст во однос на минатата година, кога за истиот закупец плаќал 250 евра.
Семејното богатство е во рацете на сопругата
Иако неговата лична сметка е речиси празна, имотната состојба на неговото семејство изгледа значително поинаку. Најголемиот дел од имотот и заштедите се во сопственост на неговата сопруга:Стан во вредност од 530.000 евра, сметка со 19.500 евра, кредит во износ од 160.000 евра.
Извештајот открива и интересна динамика во домашниот буџет на семејството Курти. Премиерот пријавил годишна плата од 21.315 евра, додека неговата сопруга заработува повеќе од двојно, нејзините годишни приходи изнесуваат 51.000 евра.
Дури и неговата ќерка има поголема заштеда од него. Пријавени се 2.000 евра на име заштеда и дополнителни 50 евра на посебна сметка.
Овој извештај веднаш предизвика бројни реакции во јавноста, отворајќи дебата за тоа дали се работи за екстремна скромност на косовскиот лидер или пак за вешто менаџирање со семејните финансии каде главниот и имот е на името на сопругата.