Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Курти бара меѓународен суд за „снајперски туризам“ во Сараево, го спомена и Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
kurti

Премиерот на Косово, Албин Курти, повика на формирање посебен меѓународен суд за истрага и судење за наводните злосторства познати како „Сараево сафари“, односно таканаречен „снајперски туризам“ за време на опсадата на Сараево. Тој изјави дека, според тврдења кои се појавиле во јавноста, во оваа појава се спомнува и улогата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

— реклама —

Курти говореше на Втората меѓународна научна конференција на Институт за воени злосторства на Косово, организирана по повод 18-годишнината од независноста на Косово. Тој посочи дека, според информации што кружат, за време на опсадата на Сараево во почетокот на 1990-тите, поединци наводно плаќале за да пукаат со снајпер врз цивили од ридовите околу градот.

„За помала сума пари, од ридовите околу Сараево можело да се пука врз босански цивили во опколениот град. За истрага и судење на злосторствата на ‘Сараево сафари’ потребен е посебен меѓународен суд“, изјави Курти.

— реклама —

Тој истовремено повтори дека, според негов став, таканаречената „жолта куќа“ за трговија со органи во Албанија никогаш не постоела и дека станува збор за, како што наведе, хибриден наратив насочен против Ослободителна војска на Косово. Курти оцени дека борбата на поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди пред Специјализирани совети за Косово во Хаг, била праведна и неопходна.

— реклама —

На конференцијата се обрати и извршниот директор на Институтот, Атдхе Хетеми, кој истакна дека целта е продлабочување на научниот дијалог и пошироко истражување на воените злосторства преку интердисциплинарен пристап.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во претходни изјави ги отфрли медиумските наводи што го поврзуваат со случајот „Сараево сафари“, оценувајќи ги како политички мотивирани и непроверени информации.

Случајот беше актуелизиран од италијанскиот новинар Ецио Гавацени, чие обраќање до обвинителството во Милано доведе до отворање истрага против засега непознати лица за наводно организирање викенд-снајперски тури за време на војната во Босна и Херцеговина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Настани | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Свет | пред 4 дена

media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

Вучиќ: Студентите ќе бидат шокирани, ќе ги победиме со најмалку 400.000 гласа разлика

Свет | пред 5 дена

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања