Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ за студентскиот кандидат за претседател на Србија: „И ние имаме Бајден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 24 минути -

Балкан
media-libraryb948j33stl9g3FP5g0q

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ иронично го искоментира изборот на 65-годишниот академик Радомир Саичиќ за студентски кандидат на претстојните претседателски избори во Србија.

— реклама —

За време на средбата со нови членови на Српската напредна партија (СНС), кои пристигнале од селото Лопардинце во јужна Србија, еден од присутните раскажал дека негов сосед најавил оти ќе гласа за младоста. Вучиќ, кој има 56 години, одговорил дека нивниот претседателски кандидат ќе биде 15 години постар од него.

— реклама —

На коментарот се надоврзал друг присутен со забелешката: „И ние имаме Бајден“, алудирајќи на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Вучиќ подоцна ја споделил средбата и на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека поддршката од граѓаните му дава сила да ја продолжи политичката борба.

— реклама —

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, откако Вучиќ на 27 септември поднесе оставка, пред истекот на вториот мандат. Бидејќи Уставот дозволува најмногу два претседателски мандата, тој повеќе нема право да се кандидира за шеф на државата. Според најавите, СНС можно е воопшто да не предложи свој кандидат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylmjecmbt8ir4bcI9As9

Вучиќ се закани со штрајк со глад ако биде уапсен: „На улица ќе излезат милион луѓе“

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

„Вчера добив најсериозни смртни закани, ми беше испратена јасна порака дека ќе бидам ликвидиран“, вели Вучиќ

Балкан | пред 4 дена

media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Вучиќ: Бесмислено е СНС да учествува на претседателските избори во овие услови

Балкан | пред 5 дена

media-librarynfpg7brpcusm8NzklcQ

„Вие сте сликата на мојот пораз“: Вучиќ се скара со пратеник во парламентот

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања