Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Вие сте сликата на мојот пораз“: Вучиќ се скара со пратеник во парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Балкан
media-librarynfpg7brpcusm8NzklcQ

Српскиот претседател Александар Вучиќ влезе во жестока расправија во парламентот со пратеникот Јово Бакиќ, откако тој зборуваше за аферите на актуелната власт и ја нарече „политичко крило на организираниот криминал“.

— реклама —

Вучиќ реагираше со остри навреди, нарекувајќи го Бакиќ „лажго“ и „криминалец“, а го обвини и дека наредувал прогон на новинари и политички противници.

„Тоа што хистерично викавте и рикавте е слика и пример за вашата немоќ. Сега ќе докажам каков лажго и криминалец сте“, рече Вучиќ.

— реклама —

Тој му порача на Бакиќ да не им се заканува на новинарите, туку на, како што рече, криминалците што ги довел на гласачките места.

— реклама —

Во обраќањето Вучиќ повторно најави дека нема да го одработи целиот мандат во српскиот парламент и дека во одреден момент ќе поднесе оставка.

„Во одреден момент ќе ве израдувам и со поднесување на мојата оставка, бидејќи знам дека не можете да поднесете да го делите кислородот со мене“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека не може да ги гледа своите политички противници, нарекувајќи ги „слика на неговиот пораз“ и „слика и причина за несреќата на Србија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Или ќе се обидат да ме убијат, да ме уапсат или да донесат закон за лустрација

Балкан | пред 22 часа

— реклама —
media-librarylmjecmbt8ir4bcI9As9

Вучиќ повика да се гласа за Раденовиќ: Има повеќе научни трудови од сите 250 пратеници заедно

Балкан | пред 2 дена

media-librarymo82o4cahla905GKMaR

Вучиќ се закани со протести пред РТС по нападот врз пратеничката Вукиќевиќ

Балкан | пред 2 дена

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ најави дека ќе биде шеф на пратеничката група: „Очекувам циркус во Собранието“

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања