Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Или ќе се обидат да ме убијат, да ме уапсат или да донесат закон за лустрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Балкан
media-library92amidutjmj865s26Ra

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека претставниците на „Студентската листа“, доколку ја преземат власта, нема да можат да го поднесат неговото присуство во Народното собрание, упатувајќи сериозни обвинувања за можните потези против него.

— реклама —

„Или ќе се обидат да ме убијат, или да ме уапсат, или пак да донесат закон за лустрација – што Иванка Поповиќ веќе го најавува – бидејќи кога не можете да се справите со политички противник, дури и кога тој е во опозиција, и кога не можете да го победите со знаење и аргументи, тогаш морате да посегнете по такви мерки“, изјави Вучиќ за време на седницата на Народното собрание.

— реклама —

Тој најави дека нема да го одработи целиот пратенички мандат, бидејќи сака местото да им го отстапи на помладите.

Вучиќ рече дека во иднина ќе им помага на терен, ќе ја обиколува Србија и ќе разговара со граѓаните, со цел, како што наведе, на законски и демократски начин да ги победи оние што ги смета за најголемо зло за Србија во нејзината понова историја.

— реклама —

Претходно, тој изјави дека конечно разбрал од кого Српската напредна странка ги загубила изборите. Како аргумент ја посочи седницата на Собранието, на која, според него, претставниците на „Студентската листа“, дури и со поддршка од пратениците на малцинствата, едвај обезбедиле 126 пратеници.

— реклама —

Вучиќ оцени дека тоа ја покажува нивната сериозност и одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylmjecmbt8ir4bcI9As9

Вучиќ повика да се гласа за Раденовиќ: Има повеќе научни трудови од сите 250 пратеници заедно

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymo82o4cahla905GKMaR

Вучиќ се закани со протести пред РТС по нападот врз пратеничката Вукиќевиќ

Балкан | пред 1 ден

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ најави дека ќе биде шеф на пратеничката група: „Очекувам циркус во Собранието“

Балкан | пред 3 дена

media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

По изборниот пораз, Вучиќ се пресели на ТикТок и Инстаграм: Сега објавува по неколку видеа дневно

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања