Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Премиерот во Давос: Гасни интерконектори, хидроцентрали и енергија како магнет за инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Република Македонија интензивно ги зајакнува преносните капацитети за електрична енергија и природен гас како дел од пошироката стратегија за развој на вештачката интелигенција и привлекување странски директни инвестиции, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на панел-дискусија во рамки на Светски економски форум во Давос.

Одговарајќи на прашања поврзани со вештачката интелигенција, потребата од центри за податоци и конкурентноста на Македонија во однос на Хрватска и Словенија, Мицкоски истакна дека државата паралелно ги унапредува електроенергетските и гасните преносни мрежи. Тој информираше дека во моментов се гради гасен интерконектор со Грција, а наскоро започнува и изградбата на гасен конектор кој ќе ја поврзе земјата со Србија.

— реклама —

Според премиерот, за развој на центри за податоци и високи перформанси во вештачката интелигенција е неопходно сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија. Во таа насока, Владата планира значително зголемување на капацитетите за природен гас – од сегашна потрошувачка од околу половина милијарда кубни метри годишно, кон капацитет од осум милијарди кубни метри годишно. Ова, како што нагласи, ќе овозможи изградба на илјадници мегавати инсталиран капацитет во гасни електрани, кои ќе обезбедуваат стабилна електрична енергија за нови центри за податоци.

Мицкоски потенцираше дека Владата е подготвена да го преземе целиот институционален ризик поврзан со овие проекти, нагласувајќи дека токму ваквиот пристап претставува клучен поттик за потенцијалните инвеститори.

— реклама —

Покрај гасните и електроенергетските проекти, премиерот информираше дека во моментов се развиваат три крупни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентрали, со вкупна вредност од околу две милијарди евра. Како што рече, овие проекти имаат стратешко значење не само за Македонија, туку и за целиот регион.

Станува збор за изградба на три големи брани кои ќе создадат значајни резервоари со чиста вода за пиење, што, според Мицкоски, добива особено значење во контекст на климатските промени. Проектите се дел од каскаден систем на Црна Река, а низводно од него се наоѓа Тиквешкиот регион, познат како еден од најплодните земјоделски региони во Европа.

Говорејќи за темата на вештачката интелигенција, премиерот посочи дека честопати таа се користи како популарен термин без вистинско разбирање на нејзината суштина. Тој потсети дека уште пред 16 до 17 години, во рамки на својот докторски труд, работел со алгоритми на фази логика за контрола на манипулативни роботи, оценувајќи дека тоа биле раните почетоци на она што денес се нарекува вештачка интелигенција.

Мицкоски нагласи дека фокусот на Владата е ставен на енергијата како темел за технолошки развој, економски раст и позиционирање на Македонија како сериозен и стабилен партнер за високо-технолошки инвестиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf1l9ovfg4c6ebuW2gkz

Премиерот: Не очекувам Софија да го смени ставот, но Македонија ќе победи со аргументи

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryn690ca6rddis9kwaXZa

(Видео) Мицкоски по пораките од Кошта: Нема цена што ќе нѐ натера да влеземе во авантура без гаранции

Македонија | пред 11 час

media-librarybh8os6hnkvcnaf3EEo8

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес

Македонија | пред 1 ден

media-libraryp1itoolue35acTNdNDS

По оставката на Фетаи, Мицкоски најави разговори за идната структура на Владата

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања