„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Премиерот Заев на средба со нобеловката Бушамауи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
zaev-busamai-1

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев прими во посета делегација предводена од Уидад Бушамауи, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, придружувана од пратеникот во Европскиот Парламент од Грција, Стелиос Колуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН, д-р Нано Ружин, и од м-р Сефер Цаноски, член на Управниот Одбор на овој универзитет, каде што денеска беше објавена официјално иницијативата за номинација на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година.

— реклама —

Премиерот Заев се заблагодари и истакна дека оваа иницијатива е сама по себе доволно признание за него, но и за Република Македонија, за нејзините граѓани, и дека ќе биде дополнително охрабрување целиот процес кој отпочна со преговорите со Грција, и кој потоа се заокружи со решенијата на Договорот од Преспа, за да се финализира во парламентите на двете земји со единствена цел имплементација на договорот за пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, и да обезбеди трајно пријателско и стратешко партнерство со Република Грција.

— реклама —

Нобеловката Уидад Бушамауи на средбата во Владата на Република Македонија нагласи дека договорот со Република Грција, светот го препозна како една од најуспешна иницијатива на планот на меѓународната политика и добрососедските односи во оваа година, и дека израсна во модел како, во дух на пријателство и доверба, да се решаваат и најсложени политички прашања.

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидад Бушамауи потоа го информираше премиерот Заев за постапката за номинацијата и изрази уверување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од лидерите на меѓународната заедница и организации, и информираше дека од нашата земја, таа и нејзината делегација утре заминуваат за Атина за да го запознаат со оваа иницијатива и премиерот на Грција Алексис Ципрас.

cJKKw50x9z8

„Иницијативата за номинација е мотивација целиот процес меѓу двете земји да заврши со успех и на тој начин да биде признание и за двете држави и за народите во Република Македонија и Република Грција“, истакна средбата со нобеловката Бушамауи премиерот Заев и изрази уверување дека и неговиот колега и пријател Ципрас ќе ја прифати иницијативата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања