Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Премногу е затоа што народот плаќа скапа струја, затоа што СДСМ и ДУИ крадеа во РЕК и ЕЛЕМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

СДСМ е декласирана, избори побргу, народот се одлучи, премногу е, време е за промени, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Премногу е затоа што за една година цените на прехранбените производи се зголемија за 100%, на горивата за 70%, на струјата за 30%.

— реклама —

Премногу е затоа што тоа што лани народот можел да го испазарува со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.

Премногу е затоа што институциите се заробени од власта и народот не може да ги добие услугите кои со закон го следуваат заради корумпираноста на функционерите.

Премногу е затоа што нема пари за поголеми плати, а има 1.4 милиони евра за Зоран Заев.

— реклама —

Премногу е затоа што народ плаќа скапа струја, затоа што СДСМ и ДУИ крадеа во РЕК и ЕЛЕМ.

Премногу е затоа што се краде оружје од полициска станица, а никој не одговара за тоа.

— реклама —

Премногу е затоа што додека народот гладува, Ковачевски јаде од златни тањири со златни лажици и виљушки.

Премногу е затоа што се обидоа да сокријат две убиства, за кои јавноста дозна, а прашање е дали има други кои успеале да ги сокријат.

Премногу е затоа што народот го лажат 5 година дека има датум, а 5 година чекаме во чекалната за ЕУ.

Премногу е затоа што излажаа дека се затворени сите отворени прашања со соседите, за сега да распродаваат идентитет, јазик и историја.

Премногу е затоа што народот не гледа друг излез, освен промени веднаш. Предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Утре од 8:30 часот без електрична енергија делови од општина Студеничани

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
struja-1

Дел од Гази Баба и Драчево денеска без струја

Скопје | пред 19 часа

struja

Утре делови од Скопје без струја – проверете го списокот

Скопје | пред 1 ден

media-librarybrh5qaqjb2lp2m5qmk2

Стабилно е производството на струја, уверува Божиновска

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања