Пренџов: Инфлацијата е драстично намалена, работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryj1acamb8l5p085OMXYH

„Во поглед на државните вработувања коишто ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој еден синдикат којшто беше во Владата овие две години. Прво дојдоа преговори од образование добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години околу 48%, потоа беа социјалните работници околу 20% покачување, исто околу 40% добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија 24 во емисијата „Анализа“.

— реклама —

Пренџов потенцираше дека инфлацијата за разлика од изминатите години е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата, работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40%.

— реклама —

„Доколку има повисоки плати во приватниот сектор тогаш и државата добива повеќе, бидејќи тие средства работникот ги зема, ги троши, а државата преку даноци повеќе пари прибира во Буџетот. Но одговорна држава вели, дајте сега вие седнете како работодавачи и како работници направете еден дијалог, и она коешто вие ќе се договорите ние ќе го почитуваме како држава, бидејќи во Република Македонија за разлика од 90-тите години, сега колку им треба работно место на работниците толку им треба човек и на сопствениците, ова што сега се случува е далеку од желба за реално решавање на работите“, рече Пренџов и додаде:

— реклама —

„Во 2022 година инфлацијата беше 14,2%, а на храна и пијалоци беше повеќе од 50% инфлација, денес во 2025 имаме 3,9% инфлација, лани сме имале 3,5% а во 2026 година ќе имаме 2,5% инфлација. Очекувам во четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крај да ги добијат и тие нивни 40%“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8ger6jjedbvu2eP6nRV

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

Македонија | пред 1 месец

media-librarydot3rpjk8ji7cDVIb7R

Пренџов: СДС го користеше судството за свои политички цели

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања