Во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа, гостуваше пратеникот од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Љупчо Пренџов каде во однос на замрзнувањето и одмрзнувањето на цените во Македонија, истакна дека во моментов имаме казино Влада и казино логика на Владата.
Тој истакна дека во моментов имаме казино Влада и казино логика на Владата бидејќи тие гледаат како најпрво да го соберат целиот арач од граѓаните.
„Одговорна Влада кога гледа дека цените на прехранбените продукти почнуваат да растат од некаде средината на август месец, и се засилуваат во септември уште повеќе во октомври па во ноември и декември тогаш наместо замрзнување во декември како што ги замрзна цените таа ги замрзнува цените од периодот на 1 септември или 15 август“, посочи Пренџов.
Пренџов во однос на инфлацијата во Македонија истакна дека таа ќе продолжи да расте бидејќи Владата одлучи цените да се одмрзнат на 1 март.
„Владата сега ги остави граѓаните сами на себе. Ја кренаа инфлацијата и повторно ги одмрзнува цените. Одговорна влада ги замрзнува цените на период од 1 септември и втора мерка за компаниите и трговците и производители на храна како држава морате да ги алиментирате“, заклучи Пренџов.