Промени тема
Контакт

Препукувања на дневно ниво: Мицкоски е лицемерен, не сака ниту обединување, ниту единство, вели власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
2-2

„Христијан Мицкоски е лицемерен и воопшто не е искрен, тој не сака ниту обединување, ниту единство околу ниедно прашање од национален интерес. ВМРО-ДПМНЕ на проблемот со Бугарија единствено гледа како можност да крева тензии и го гради лажниот патриотизам за своите дневно политички потреби“, вели СДСМ како реакција на изјавата на Христијан Мицкоски.

Тие додаваат:

— реклама —

„Истото се случува и со многу важни закони во Собранието. Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за стандардот на граѓаните, нивните пратеници кочат и блокираат закон за повисоки плати во образованието, се противеа на раст на минималната плата и поднесуваат паушални закони за раст на пензиите.

Во време кога се решаваат последици од кризите, кога треба да се носат суштински закони за унапредување на животниот стандард на граѓаните, Мицкоски бара предвремени избори за да дополнителни ги закочи институциите со цел да ја прикрие неспособноста и неработењето на неговите градоначалници.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не работат за граѓаните и државата, тие знаат само да шират лажни вести, да блокираат закони и процеси кои се во интерес на граѓаните и државата.

— реклама —

Затоа повиците на Мицкоски а обединување, за единство, не се ништо друго освен уште едно ново лицемерие“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања