Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пресадено второто срце: Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
E56FF033-64BE-4B59-A912-597E03006EB0

Успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, која започна ноќва на полноќ. Младо момче го доби срцето на прерано загината девојка, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.

— реклама —

Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден сè ќе се заврши, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од докторите кој беше вклучен во трансплантацијата која заврши во 4 часот утринаца за „А1он“ раскажува:

— реклама —

Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов и подобар живот. Ноќеска едно семејство го изгуби најмилото и во исто време го даде најскапоценото. Ноќеска еден голем тим на лекари покрај грижата за ковид центрите направија трансплантација на неколку ограни и покажаа дека надеж постои и хуманост во сите нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања