„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пресуда на 29 декември за Фатон Љури кој го прегази чичко Југо: Заврши судењето трагичната сообраќајка на кејот на Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Скопје
media-librarypttrn4til086cc9x41v

Со завршните зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основен кривичен суд Скопје беше затворена главната расправа во предметот против 25-годишниот Фатон Љури, обвинет за смртта на пензионерот Југослав Николовски, кој беше прегазен на пешачката патека на кејот на Вардар. Судот најави дека пресудата ќе ја објави на 29 декември.

— реклама —

Обвинителството го товари Љури дека на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без возачка дозвола, движејќи се по пешачка патека со брзина од околу 35 километри на час, при што го удрил 68-годишниот Николовски и потоа го напуштил местото на несреќата. Повредениот подоцна им подлегнал на повредите.

На денешното рочиште, одбраната достави дополнителни докази – медицинска документација, лабораториски анализи и радиолошки извештај од 12 декември 2025 година. Адвокатот Гоце Ристески наведе дека документите се обезбедени со дозвола на судот и доставени преку Затвор Скопје.

— реклама —

По нивното разгледување, обвинителката Маја Џабирева Велков оцени дека доказите не се спорни.

„Документацијата произлегува од главната расправа од 12 декември, кога обвинетиот не се чувствуваше добро. Таа не е спорна ниту за обвинителството, ниту за судот“, рече обвинителката.

Во завршниот збор, Џабирева Велков нагласи дека се работи за тешко кривично дело со висок степен на вина и општествена опасност и побара судот да изрече казна согласно закон.

„Обвинетиот е свесен за стореното и даде признание. Казната треба да обезбеди правична сатисфакција за загубениот живот, да влијае превентивно и да испрати јасна порака дека ваквото несовесно и незаконско однесување нема да се толерира“, истакна таа.

Обвинителката додаде дека судската одлука мора да го земе предвид јавниот интерес и заштитата на човечкиот живот, посочувајќи дека сообраќајните незгоди со смртни последици се сѐ почести, особено во Скопје.

Таа се осврна и на последиците што трагедијата ги оставила врз семејството на починатиот, нагласувајќи ја длабоката и ненадоместлива загуба за сопругата и двете ќерки, како и фактот дека една од ќерките по несреќата го загубила своето бебе во третиот месец од бременоста.

Одбраната, пак, побара судот да ги цени олеснителните околности поврзани со личните и семејните прилики на обвинетиот. Адвокатот Ристески наведе дека Љури живее во вонбрачна заедница и дека неговата партнерка претходно изгубила брат во сообраќајна несреќа, по што, како што рече, доживеала сериозни психички последици.

Тој се повика и на психијатриско вештачење од 10 декември, кое, според одбраната, потврдува тешко нарушување на психичката состојба на партнерката на обвинетиот по настанот.

Во заклучок, бранителот нагласи дека обвинетиот изразил искрено жалење и потсети дека, според досегашната судска пракса, за вакви кривични дела најчесто се изрекуваат затворски казни во распон од три и пол до пет години.

Љури е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице во сообраќајна незгода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања